-->
-->
Семејна драма во Ресен: Ресенчанка ја истепала девојката на сопругот
-->
Вистинска семејна драма се случила на поднебјето на Ресен кога жената од која се разведува заедно со својата мајка физички ги нападнала бабата и новата девојка на мажот кого се обидела и да го прободе.
- На 25.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Ресен, 35-годишен жител на ресенско село пријавил дека околу 14.00 часот дошла неговата сопруга Д.Н.(31), со која се во бракоразводна постапка, заедно со нејзината мајка и физички ги нападнале баба му и неговата девојка, по што Д.Н. се обидела со нож да го повреди него, велат од МВР.
Полициски службеници излегле на местото и од Д.Н. бил одземен ножот.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест