Семејна драма: Полицаец се обидел да ги убие сопругата и синот

73 годишниот Вељко Радојчиќ, пензиoниран полицаец од Шабац со нож и ги избоде својата сопруга 71 годишната Мира и синот, 47 годишниот Дејан, а потоа избегал и пробал да се убие.
Жената со тешки повреди на вратот е префрлена во болницата во Шабац, додека Дејан се здобил и исеченици на рацете.
Семејната драма се случила во вторникот околу 15 часот во сремското село Кленак. Откако ги избодел сопругата и синот, Вељко седнал во својот автомобил и избегал. Сепак, полицијата не морала да тргне во потрага по него, затоа што тој набрзо се вратил на местото на злосторот.
„Додека патролата го обезбедувала местото, Вељко се вратил пред куќата. Ја отворил врата и паднал од возилото. Полицајците виделе исекотина во пределот на вратот и исечени вени на рацете. Помислил дека Мира е мртва“, наведува извор од полицијата.
Поради проблеми во бракот, тој и Мира биле разделени, а наводно имал и забрана да и се приближува на сопругата и домот, за кои доста поврзан.
„Како полицаец некое време поминал на военото поле, а тоа остави трага на него“, раскажуваат соседите.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
