Семакедонски качувачки собир на Демиркаписката клисура

Во Демир Капија денеска започна дводневниот Семакедонски качувачки собир на Демиркаписката клисура. Фестивалот на карпите од клисурата е во организација на клубот „Карпи за секој“ од Демир Капија и Спортско качувачката федерација. Има педесетина учесници од земјава и странство.
- Целта на собирот е да се продолжи традицијата на есенските спортски качувачки собири кои во изминатите години беа составен дел од македонското спортско качување. Сите спортски качувачи, алпинисти, планинари и вљубеници во природата заедно да се качуваат на карпите, да разменат искуства и да се натпреваруваат, авоедно спортски да се забавуваат овој викенд, изјави за МИА организаторот Александар Кленов.
На собирот ќе бидат презентирани старо новиот сектор „Радар Петра" и новиот сектор „All inclusive". Кленов нагласи дека има реновирани и нови насоки во карпите.
За вечер е предвидено дружење покрај логорски оган, а утре на програмата е натпревар во „Big Wall“ качување, на една од повеќе должинските насоки во сектор „Малчик с палчик“.
Покрај собирот, ќе се организира и еколошка акција за чистење на кањонот после летото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
