Селмани: Да се смени практиката на неказнивост за нападите врз новинари
Да се смени долгогодишната практика на неказнување за нападите врз новинари. Институциите долги години ја толерираа оваа практика, а во некои случаи дури и ги поттикнуваа актите на насилство врз новинари.
Ова денеска го изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, на потпишувањето на договорот за соработка со амбасадорката на ОБСЕ во земјава Нина Суомалаинен, „Поддршка за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“.
Селмани истакна дека целта на меморандумот за соработка е организирање заеднички обуки и настани, со цел зголемување на безбедноста на новинарите како и промовирање на слободата на говорот.
- Позитивна околност е што сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и новиот обвинител Љубомир Јовески се свесни за проблемот со практиката на неказнивост на насилство врз новинари и се расположени да работиме заедно со цел да прекине ваквата негативна практика која сериозно ја загрозува слободата на говорот, рече Селмани.
Според него, битно е да се искористи овој поволен момент да за дебата за системските пропусти во функционирањето на обвинителството и на полицијата, и да се изгради институционален механизам за превенција и казнување на насилството врз новинарите.
- Нема да можеме да направиме разлика од минатото, и да ја подобриме слободата на говорот, ако институциите немаат волја и капацитет ефективно да ги истражат сите напади против новинари. И не само тоа, оние што се осудуваат да напаѓаат новинари мора да бидат изведени брзо пред лицето на правдата, и да ја добијат заслужената казна. Со тоа системот ќе прати јасна порака до сите дека насилството врз новинари е неприфатливо и нема да се толерира во иднина, додаде тој.
Рече дека слободата на говорот е голема придобивка на човечката цивилизација, и оти правото на новинарите слободно да се изразуваат не смее да ги загрози правата на останатите граѓани.
- Убеден сум дека ваквата практика ќе се смени дента кога македонски суд ќе осуди некој насилник кој се дрзнал да напаѓа новинари. Нема да се откажеме се додека институциите брзо и ефикасно не постапуваат по сите предмети на насилство против новинари, додаде Селмани.
На прашањето до каде е случајот на закани врз него, рече дека од првиот ден припадниците на полицијата реагирале и веднаш ги контактирале луѓето кои упатиле врз него закани.
- Имаше едно недоразбирање со обвинителката. Обвинителката сега сфаќа дека тој ден можеби има направено некој пропуст, тој ден рече дека нема тука закана, меѓутоа потоа ја смени одлуката. Јас дадов исказ, секојдневно сме во комуникација со обвинителката, и се надевам дека постапката брзо ќе заврши и ќе биде процесуирано за во суд, рече Селмани.
Суомалаинен изрази задоволство од официјализирањето на соработката со ЗНМ, истакнувајќи дека здружението секогаш гласно укажува на повреди на слободата на изразување и професионалните стандарди.
- Потпишувањето на соработката е и симболично за ОБСЕ, затоа што официјално продолжуваме со работа на полето на слободата на медиумите по пауза од речиси една деценија, рече Суомалаинен.
Ново на Сител
-
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
-
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
-
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
-
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода