Џет-Сет
11. October 2016 - 10:18

Селин Дион: Рене е единствениот маж кој сум го бакнала

Канадската пејачка Селин Дион во интервју за Си-Би-Ес открива дека нејзиниот починат сопруг Рене е единствениот кого го сакала и сите нејзини страстни искуства биле со него.

- Пред да не напушти на сите ни беше премногу тешко. Мене посебно, но и на моите деца, да гледам како човекот на мојот живот секој ден полека умира. Кога замина, тоа беше и олеснување. Тој беше единствениот маж кој сум го бакнала и кого го сакав, изјави Дион.

Рене Анжелил, со кого Селин има три деца, 15-годишниот Рене Чарлс и петгодишните близнаци Нелсон и Еди, почина на 73-годишна возраст. Тој повеќе години се бореше со ракот.

- Човекот на мојот живот беше мој партнер и бевме како едно. Затоа кога престанаа неговите страдања си реков себе си: „Тоа е во ред и не треба да се мачи“, истакна канадската пејаќка, откривајќи дека не гледа повеќе можност повторно да засака некого во иднина, бидејќи нејзиното срце е со Рене