Џет-Сет
16. March 2016 - 9:57

Селена Гомез нова „кралица“ на Инстаграм

Нова „кралица“ на Инстаграм е актерка и пејачка Селена Гомез, која има повеќе од 69,5 милиони следбеници.

На второ место по популарност на Инстарам е Тејлор Свифт, а на третото е Ким Кардашијан.

Четврто место по бројот на следбеници го држи Бијонсе, а петтото Џастин Бибер. 

Новата титула на Гомез се должи на нејзиниот последен албум кој веднаш се проби на самиот врв на Билбордовата листа за најпродавани носачи на звукот.