Спорт плус
9. January 2016 - 17:11

Селекторот на Србија: „Тесла е наш“ !!!

Утре во Белград стартува ЕП во ватерполо а селекторот на Србија Дејан Савиќ имаше оригинален настап на прес-конференцијата пред првата средба на Србија со селекцијата на Хрватска. 

Селекторот се појави во маичка со ликот на Никола Тесла кој на главата носи ватерполо капа. „ Мило ми е што Деки ставил Хрват на својата маичка...се шегувам малку...“ ја започна прес-конференцијата капитенот на Хрватска Јосип Павиќ. 

Сепак српскиот селектор се снајде брзо и одговори оригинално: „Пред се ова беше протоколарна грешка, требаше прво јас да зборувам. Само сакав да ви кажаме дека „Тесла е наш“- рече Савиќ. Маичката со ликот на легендарниот пронаоѓач Никола Тесла  прв пат е видена во спотот што го подготвки српската федерација пред стартот на ЕП во Белград.