Фудбал
26. September 2016 - 15:39

Селекторот на Бугарија, Петев го презема Динамо Загреб

 
 Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Ивајло Петев ќе биде новиот тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми.
 
Оваа информација практично ја потврдил и претседателот на хрватскиот шампион, Мирко Баришиќ кој навел дека преговорите се во завршна фаза.
 
Петев минатата година го презеде кормилото на Бугарија, а работел и во екипите на Лудогорец, и Левски и АЕЛ од Лимасол.
 
Тренерската позција на Динамо Загреб остана празна откако Златко Крањчар неодамна поднесе оставка.