Македонија
29. October 2015 - 13:00

Селани се истепале во Патишка река, чии се дрвата

Синоќа, во 23,30 часот, во атар на село Патишка Река, Скопско, настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу две групи соселани околу исечени дрва, во која еден од учесниците од ловна пушка испукал еден патрон во воздух, а со кундакот удрил лице од учесниците.

По преземени мерки од страна на полициски службеници приведени се учесниците во тепачката меѓу кои и осомничениот З.М.(58) кој пукал од огнено оружје, а обезбедени се и огревните дрва и ловната пушка.

Во тек се мерки за расчистување и документирање на случајот.