Македонија
24. February 2022 - 15:06

Селаковиќ утре во официјална посета на Скопје

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата, соопштија од српското Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Белград. -Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, се наведува во соопштението на срспкото МНР.