Села пречекан со пукотници: Ќе замижат ли СДСМ и Нухиу пред ова?

По напуштањето на болницата во Тетово, каде помина 9 дена, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села е пречекан со незаконско пукање од огнено оружје и славје, пишува порталот Денешен.мк.
Прашањето кое се поставува во јавноста е дали министерот за внатрешни работи од ДУИ, Агим Нухиу и СДСМ ќе превземат мерки за санкционирање.
Од друга страна, СДСМ преку Нухиу продолжува да ги малтретира и да се изживува со граѓаните. Деновиве сме сведоци дека голем број невини граѓани кои ја сакаат и бранат Македонија, се апсат и неправедно и политички се притвораат со лисици како најголеми криминалци.
Се повеќе се гледа намерата на СДСМ и Нухиу да се оцрнат и да се понижат граѓаните кои несебично даваат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и кои во Собранието влегоа за да ја заштитат државата од насилниот обид за државен удар.
Приведени се луѓе кои не сториле никакво насилство, а држени се со часови во полициски станици. Дел од нив добија и притвор без никакви докази дека сториле кривично дело или пак учествувале во немилите настани во Собранието.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
