Села: Не преговараме со никој бидејќи уште нема мандатар
„Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот“, ова е одговорот на лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села за тоа со кого повеќе контактира деновиве околу формирањето на идната Влада, дали со лидерот на СДСМ Зоран Заев или со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Ние веруваме во демократија. ДУИ е легален субјект по овие избори но не и легитимен. Врз основа на тоа тие имаат право да преговараат за влез во Влада. На изборите тие имаа само едно ветување – премиер Албанец и нека преговаарат за тоа, ние нема да се буниме. Но ако не успеат во тоа тогаш треба самите да знаат дека им е време да бидат опозиција“, рече Села.
Тој информацијата за ротирачки премиер при што ДУИ би добиле една година премиерско место смета дека е пораз и тогаш барањето на ДУИ за премиер било лажно предизборно ветување.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи
-
Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА
-
Туск: Капитулација под принуда на Украина би значела капитулација на целиот Запад
-
Шолц: Украина не е виновна за руската агресија
-
Таравари: Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари