Села на средба со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Денес, во канцелариите на Алијанса за Албанците, претседателот Села го причека на официјална средба унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс. На состанокот тема на дискусија беа предвремените избори, како и општата политичка состојба во земјата.
Во врска со ова, претседателот Села истакна дека предвремените избори на 12 април се резултат на потребата за нови политики во земјата и реформите што ќе обезбедат стабилност и безбедност во земјата. Тој додаде дека 12 април треба да сведочи за демократијата во земјата преку слободни и демократски избори.
Посебен акцент беше даден на потребата за реформи во судството, образование, инфраструктура, еднаквоста во администрацијата, економска еднаквост, слобода на медиумите и целосното достигнување на владеењето на правото; со цел државата да биде што е можно попривлечна за самиот народ со цел да се спречи и миграцијата на младите луѓе.
Претседателот Села му се заблагодари на унгарскиот амбасадор Ласло Дукс за целата поддршка што Унгарија и ја даде на Северна Македонија на патот кон членството во НАТО и ЕУ.
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
