Села: На лидерска средба треба да учествуваат четирите поголеми политички партии
![]()
Алијансата за Албанците денеска реагираше што како политичка партија не била поканета да присуствува на лидерската средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На вакви средби, како што рече лидерот на партијата Зијадин Села, треба да учествуваат четирите поголеми политички партии.
– За Алијанса за Албанците нема да биде прифатлив никаков договор во иднина што ќе се донесе само меѓу еден блок политички партии. Концептот четири поголеми политички партии, две од македонските политички партии и две од албанските политички партии треба да продолжи, рече Села на денешната средба со медиумите. Додаде дека како албанска опозиција имаат што да кажат за повеќе теми, меѓу кои пописот, Законот за ЈО, за реформи во Изборниот законик.
Села посочи дека го осудуваат однесувањето на премиерот кој, како што рече, се однесува ноншалантно спрема опозицијата.
Според Села, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ е неприфатливо во врска со амандманите за законот за ЈО. Додаде дека тие поднеле околу 30 амандмани.
– СЈО треба да се зачува. За тоа имаме 27 амандмани во предлогот за новиот закон за јавно обвинителство. Ист предлог слушаме на преговорите, премиерот му го предлага на Мицкоски, рече Села. Алијанса за Албанците предлага во иднина со СЈО да раководи обвинител од странство, поточно од земјите од ЕУ или од САД.
За процесот на ветинг, Села рече дека тие се за негово воведување без разлика на исходот и додаде дека треба „да се исчисти“ системот од корумпирани функционери. Смета дека на есен треба да добиеме датум за преговори со ЕУ.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
-

Преглед на вестите од светот
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
