Села: Иселувањето на младите најголем проблем во земјава

Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците во Центарот за култура во Кичево ја претстави советничката листа со која ќе учествуваат на претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври. На промоцијата беа присутни лидерите на двете партии Африм Гаши и Зијадин Села, како и потпретседателите и воедно и шефови на Централниот изборен штаб Лулзим Алиу од Алтернатива и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.
Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во обраќањето до присутните главен акцент стави на миграцијата на младите и нивното забрзано иселување од градот и земјава.
-Сериозно сме загрижени за иселувањето на младите кои масовно го напуштаат градот и тоа само поради уништувањето на институциите, нивната приватизација и неодговорно раководење, со што создаваат несигурност и страв за иднината на младите, што е карактеристично за целата земја. И покрај евидентните проблеми што ги карактеризираат сите општини предводени од ДУИ, за жал тие повторно се натпреваруваат со старите немотивирани и корумпирани кадри, на кои единствена мотивација им е да опстанат на власт за да ја задржат својата удобност и богатство, истакна меѓу другото Зијадин Села претседател на АА.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши посочи дека иселениците се најважната алка за државата, особено иселениците од Кичево, чиј глас, како што рече, секогаш се слушал и побара подршка за коалициската советничка листа.
-Иселениците се најважната алка на нашата земја, а особено тоа се однесува за иселениците од Кичево, чиј глас секогаш сме го слушале и затоа нашите субјекти заедно да ја направат очекувамата промена во албанскиот блок и работите да тргнат на подобро, рече Гаши.
Инаку носител на листата на оваа коалиција за Кичево е Абдула Сејдини магистер по одделенска настава.
Сејдини ги истакна проблемите во образованието, културата, спортот, комуналната хигиена и како наjголем проблем ја посочи незавршената болница во градот, која, рече, и по три децении никако да се заврши и најави дека идниот Совет ќе работи транспарентно и ќе се залага сите седници директно да бидат пренесувани, ако тој биде дел од новиот советнички состав.
Ново на Сител
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
