Македонија
2. April 2024 - 19:17

Села ги добил печатите од АА

Крилото на Зијадин Села информираше дека ја добиле правната битка и ги земале партиските печати од Алијанса за Албанците.

- Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зиадин Села за претседател на Алијансата за Албанците е прифатено. Со оваа одлука се известени сите странки и сега и официјално претседател на АА е Зиадин Села, информираа од партијата.

Сител разговараше со Села кој рече дека информацијата ја добил од неговиот адвокат и најави дека деталите ќе ги објави утре.

Таравари пак, се огласи на социјалните мрежи:

- Велат дека ги добиле печатите за да ги даваат на ДУИ.. Дури и да е вистина ќе се жалиме, но и да ги земат со помош на заробениот систем кој го имаат, јас имам прашање... а што со граѓаните? Нема надеж, не можете да ги победите граѓаните со ниту еден суд! Промената почна и нема печат кој може да ја запре!, напиша Таравари на Фејсбук.