Македонија
7. December 2016 - 10:30

Сексуалните злоупотреби со неполнолетни во Турција

Предлог законот во Турција, со кој се предвидува ослободување на лице осомничено за сексуална злоупотреба ако извршителот склучи брак со жртвата, предизвика протести. Но, претседателката на турската Фондација за човекови права, Шебнем Корур Финџанџи, рече дека е „благодарна“ за предлог законот.

Финџанџи, која е и лекар, веќе 30 години се занимава со деца кои биле подложени на сексуални злоупотреби. Таа е сосема во право кога рече: „Овој предлог закон ги направи повидливи заканите за нашите деца“.

Всушност, ние го следиме овој предлог закон веќе со денови (владејачката Партија на правдата и развојот неодамна објави дека го повлекува предлог законот за да бидат извршени консултации за него).

Претседателката на Унијата на турски индустријалци и бизнисмени ТЈУСИАД), Џансен Башаран Симес, го започна својот говор на бизнис форум во егејскиот округ Измир, кој се одржа минатиот викенд, не со предизвикувачкиот немир заради поскапувањето на американскиот долар и растото на невработеноста, туку со предлог законот за сексуалните злоупотреби. Таа рече: „Менталитетот за наоѓање извинување по прашањето за сексуалните злоупотреби со деца треба да биде целосно искоренет“.

Во меѓувреме, асоцијации на жени со различни ставови имаа средби со министри од кабинетот, имаше и многу од ток-шоуа на телевизиите по тоа прашање. Додека го пишувам ова, неколку аналитичари, и мажи и жени, исто пишуваат за овој проблем.

Женидбите со деца е меѓу најголемите проблеми во оваа земја и ние како жени новинарки веќе со години пишуваме за тоа.

Тие жртви сега излегуваат од мракот и ги споделуваат со нас тие ужасни искуства. Тие се жртви на инцест, оние кои биле силувани од многу малечки и кои толку долго молчеле.

Неодамна, познатата турска пеачка Назан Јунџел се појави во црна була на сцената на концерт во знак на протест против предлог законот. Таа рече дека исто била жртва на инцест и ја преживеала трагедијата кога имала девет години. Благодарение на Назан Јунџел, сите слоеви во општеството дознаа за инцестот и се замислија околу овој проблем.

Џанан Ѓулју, претседателка на Асоцијацијата на жените во Турција, направи истражување наречено „Карта на инцести во Турција“. Таа го направи истражувањето во сите турски окрузи, за да дознае колку е распространета таа пракса (инцестот).

Ѓулју посочи дека случаите на инцест достигнуваат до 40 проценти. Тоа не тера да дознаеме дека ниту едно дете, момче или девојче, не е безбедно во својот дом.

Несомнено, „Пандорината кутија е отворена“, ако се има во предвид дека од 2002 година досега 440 илјади девојчиња на возраст под 18 години станале мајки. Според тие податоци, имало 15,937 девојчиња под 15 гдишна возраст врз кои било извршени сексуални злоупотреби.

Случаите со сексуалните злоупотреби со деца во последните десет години три пати се зголемиле. 438 илјади неполнолени девојчиња се омажиле, според податоци на Турскиот статистички институт и министерството за правосудство.

За жал, наместо да се запрашаме зошто тие случаи тројно пораснале во последниве десет години, има обиди за наоѓање начини за заштита на силувачите.

На пример, во западниот округ Маниса му дозволиле на 68-годишен силувач да се ожени со 4-годипно дете, кое тој го силувал.

Се надевам дека парламентот го разбрал ова по после толку протести, што во случај на простувањето на злосторството на сексуален насилник бројот на децата булки ќе се зголеми и ние нема да бидеме во состојба да си ги заштитиме децата од сексуални злоупотреби. 

Хуриет дејли њуз - Истанбул