Секоја втора фирма од југоистокот работи без користење на современите технологии
Речиси половина од фирмите во југоистокот од државата не ги користат современите иновации и дигитализацијата во нивното работење или тоа го прават само делумно. Наместо тоа, тие применуваат традиционални или застарени методи. Ова го покажуваат податоците на Центарот за развој на југоисточниот плански регион кој правеше серија истражувања поврзани со претприемачката активност и иновативноста во регионот. Дури 59% од фирмите опфатени со интервјуата како причина за тоа го навеле недостатокот од финансиски средства.
Со истражувањето била опфатена и работната сила. Добиените резултати покажале дека околу 60 проценти од невработените имаат развиени општи вештини за вработливост, но треба да се работи на развивање на нивните лични вештини и способности.
Истражувањата беа спроведени во рамки на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем - Be In“. Од нив беше креирана и студија за анализа на претприемачкиот екосистем во десетте општини од Југоистокот на државата. Согласно достапните податоци во регионот има околу 5800 деловни субјекти, а околу 8.600 невработени лица.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар