Секоја втора двојка нема секс на првата брачна ноќ, еве што прават тие
Романтичната прва брачна ноќ во која се пука од страст, се гледа само во филмовите.
Во реалноста, сепак сексот и првата брачна ноќ не одат заедно. Секоја втора двојка не води љубов веднаш по венчавката, покажува истражување на британскиот бренд за долна облека, во кое учествувале илјада двојки.
Причините за апститненција се разликуваат во зависност од полот. Жените не се расположени за водење љубов зошто се премногу уморни, се подготвувале за свадбеното патување или чекале совршен момент кој таа вечер тешко дека го имале.
Главна причина кај мажите за избегнување секс бил фактот дека премногу се пијани или сакале да продолжат да се забавуваат со другарите.
Ако е за утеха на младенците, ситуацијата се поправа утредента, па така утрото по свадбата секоја трета двојка го поминува во постела, додека секоја десетта двојка за водење љубов чека 48 часа. Изгледа дека чекањето се исплатува, зошто 84 отсто испитаници велат дека сексот, кога конечно станале брачна двојка, им ги исполнил очекувањата.
На Балканот, велат обично младенците првата брачна ноќ ја поминуваат отворајќи подароци и броејќи ги парите добиени на свадбата!
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана