Фудбал
29. November 2016 - 19:12

Секоја чест: Атлетико Национал предложи титулата да се додели на Чапокоензе!

Авионската несреќа која се случи утрово на територијата на Колумбија, а по која загинаа скоро сите членови на фудбалскиот клуб Чапoкоензе сè уште е во центарот на вниманието кај фудбалската јавност. 

Бразил како и целиот свет тагува на загинатите фудбалери и стручниот тим на бразилскиот клуб кој отпатува да го одигра првиот натпревар од финалето во Копа Судамерикана против тимот на Атлетико Национал. 

Се разбира финалето е одложено, најверојатно нема да ни да се одигра, а потегот што го направија челните лица на Атлетико Национал дефинитивно е за почит. Поточно, тие се откажаа од пехарот и предложија веднаш да му се додели на Чапокоензе. Предлогот треба да биде усвоен, но – СЕКОЈА ЧЕСТ за гестот.

Чапокоензе објави кратко соопштение на кое пишуваше: "Нека Бог биде со нашите спортисти, директори, новинари и други гости кои патуваа со нашата делегација."

"Последното видео од нашите херои" - објавено на фан страната на Чапокоензе, нека почиваат во мир!