Секој втор судија имал притисок од колега, една третина од власта и политичките партии
Истражувањето покажува дека дури една третина, 36 проценти пријавиле дека имале притисок од извршната власт и исто толку од политичките партии, но поголем број дури 46 насто искусиле притисоци од своите колеги, најчесто од повисокиот ранг. Слично е и кај обвинителите, кои се пожалиле на притисоци од колегите, власта и партиите. Претставниците на здруженнијата на судии и обвинители, токму интегритетот го посочија главен фактор на независното судство.
Со оценка двојка кај граѓаните, низата критики од амбасадите во земјава, судството овојпат видено од внатре, преку анкета направена мегу судиите и обвинителите за тоа кои се главните ризици за корупција во нивниот сектор. И едните и другите како прв и најголем ризик ја посочија работата на вештаците, а потоа и адвокатите кои ги залажуват клиентите дека треба да го поткупат судијата.
САД пак се разочарани од состојбите во судството. Краен момент анкетите и препораките да се спроведат во дело, посочуваат од амбасадата.
Во истражувањето на Антикорупциска со поддршка од ОБСЕ анонимно учествуваа околу 300 судии и обвинитело.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
