Секој граѓанин лани создал по 503 килограми комунален отпад, најмногу се рециклира хартија и метал, а само половина од пластичниот отпад
Домаќинствата во 2023 создале вкупно 878 303 тони комунален отпад, од кои собрани биле 70 проценти или 621 686 тони. Годишно во просек секој жител создал 503 килограми комунален отпад, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.
Комуналниот отпад во земјава бележи раст во однос на претходната 2022 година кога биле создадени вкупно 856 766 тони, но намалување во однос на 2021 година кога биле создадени 896 066 тони отпад.
Процентот на собран комунален отпад иако бележи раст во последните три години, тоа е незначително и останува на 70 проценти од вкупно создадениот комунален отпад во земјава. Во 2023 година собран бил 70,78 проценти, во 2022 година 70,68 проценти, а во 2021 година 70,54 проценти од вкупно создадениот комунален отпад во земјава.
Според податоците од ДЗС, 99 проценти од собраниот комунален отпад е фрлен на депонија.
Вкупно 58 проценти од отпадот од пакување пуштен на пазарот во 2023 година е рециклиран. Најмногу е рециклирана хартија и картон – 93 отсто и метал – 80 отсто. Нешто над половина од отпадот од стакло – 51 процент бил рециклиран и 40 отсто од отпадот од пластика.
Просечен број на лица во едно домаќинство е 3,07 лица.
Комунален отпад, според дефиницијата на ДЗС е отпад кој се собира или со него се постапува од или за општините. Го опфаќа отпадот оддомаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите. Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациски мрежи, како и отпадот од градежништвото и при уривање.
Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека најголем дел од податоците во Годишникот се добиени од редовните статистички истражувања, анкетите и пописите што ги спроведува Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), а вклучени се и податоци што ги подготвуваат другите органи и институции кои учествуваат во статистичкиот систем на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата
-
Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
-
Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
-
Судски совет денеска избира нов претседател
-
Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар
-
Зеленски: Непредвидливоста на Трамп може да помогне да го запреме Путин
-
Дел од населбата Кисела Вода без вода
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините