Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и, обратно, секој електронски потпис издаден од кој било издавач во Црна Гора ќе биде еднакво валиден во Македонија - најави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Андоновски на денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС), достапни на порталот uslugi.gov.mk, најави дека во јуни ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија.
- Имавме квалитетни два дена разговори со претставници од Црна Гора и тоа го подготвувам за самитот за кибербезбедност во Париз, на 1 и 2 јуни, каде што ќе потпишеме договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. Тоа ќе значи големо олеснување за трансферот на работата и за бизнис-активностите на македонските и црногорските компании - изјави Андоновски.
Договорот, според Андоновски, сметаме дека ќе овозможи големо олеснување на комуникацијата меѓу двете држави и ќе помогне за подобрување на економските односи.
МИА
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
