Секој 22 македонски пациент позитивен на КОВИД-19 завршува со смрт – секој десетти тест е позитивен

Двајца пациенти помалку починале во последните 7 дена во однос на претходните. Седумдневниот број на починати пациенти како последица од Корона вирусот во текот на летните месеци покажува дека најголема била смртноста во текот на јуни. Само во последната недела од месецот починале вкупно 60 пациенти. И средината и почетокот на месецот имале лоша слика. Па така од 20 до 6 јуни починале вкупно 46 пациенти а претходните седум дена 51.

Вкупно по месеци, во јуни и јули починале приближен број на пациенти. Претходниот месец се регистрирани 166 смртни случаи а во јуни 166. На стартот на корона кризата, во мај регистрирани се само 56 случаи кои починале од корона вирусот. Во август, заклучно со вчерашниот ден има регистрирано 33 смртни случаи.
Кога станува збор за бројот на дијагностицирани пациенти може да се забележи благ тренд на нивно намалување. Најмногу дијагностицирани пациенти како позитивни на КОВИД19 имало кон средината на јуни кога од 6 до 12 јуни статистиката избројала 1114 новодијагностицирани случаи позитивни на КОВИД19.
Во последната недела на јули и првата од август може да се забележи благ пад на бројките во однос на јулскиот просек а правата недела од август покажала најмала бројка на позитивни случаи од почетокот на летото.

ПО месеци, во јули имало најмногу нови случаи или 4412. Во јуни имало 288 помалку новодијагностицирани случаи или вкупно 4124 за 30 дена во овој месец.
Бројката во мај е за повеќе од пати помала и во овој месец се дијагностицирани вкупно 761 нов случај.

Според бројот на спроведени тестови, податоците на Министерството за здравство покажуваат дека најмногу тестови се спроведени во последната недела од јули, вкупно 9705. Ова е недела со најмногу тестирања од почетокот на кризата

По месеци, најмногу тестови има спроведени во јули, вкупно 41.542. Околу 10.000 тестови помалку се направени во јуни, додека во мај, бројката на спроведени тестови е само 13.525.

Според овие податоци, најголема вирулентност имало во јуни кога над 13,2% од спроведените тестови дале позитивен резултат. Во јули, 10,6% од спроведени тестови дале позитивен резултат а во мај само 5,6%. За првите 7 дена од август, податоците покажуваат дека 8,5% од тестираните пациенти биле позитивни на вирусот.

Ако се прави анализа на бројот на починати и бројот на новодијагностицирани случаи, податоците покажуваат дека најголема смртност имало во мај, 7,4% а најмала во јули кога починале 3,8% од дијагностицираните случаи. Сепак, треба да се има предвид дека на овие бројки значително влијае и обемот на тестирање, бидејќи поголемиот број тестови, значи и поголем број на новдијагностицирнаи случаи, што пак влијае на намалување на процентот на починати.

Заклучно со вчерашниот ден, во Македонија има вкупно 11.571 нови случаи. Од нив, 7.608 се водат како излечени односно кај нив вирусот веќе не е присутен. Вкупно починале 519 пациенти.
Бројките покажуваат дека во Македонија починале вкупно 4,5% од оние пациенти кај кои бил дијагностициран КОВИД19, што значи дека секој 22-ри дијагностициран пациент починал.
Во однос на бројот на спроведени тестови од почетокот на кризата, пресметките покажуваат дека 10,4% од тестираните пациенти биле позитивни или нешто повеќе од секој деветти тестиран случај бил позитивен.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
