Секое утро станувала во 7 за да биде продуктивна, останала во шок кога видела како и се одразило тоа на здравјето
За да организмот се одмори и регенерира, потребно му е околу 8 часа сон. За многу луѓе тоа е луксуз поради обврските кои ги имаат.
Но какви промени на вашиот организам може да се случат доколку ги промените навиките на спиење? Валентина одлучила ова да го истражи и спиењето да го скрати за еден час. Навикната да спие по 8 часови ова било голем предизвик за нејзе.
- Јас секој ден спијам осум часа и станувам во исто време без разлика дали станува збор за викенд или не. Станувам во 8 часот и никогаш не го одложувам алармот. Кога почнав да работам мојата работа се вклопи со мојата дневна рутина и не бев свесна колку сум всушност среќна поради тоа. По три години решив да ја променам работата која од мене бараше еден час порано да бидам во канцеларија. Мислев дека лесно ќе се навикнам поради тоа беше само еден час разлика.
Но реалноста беше друга. Кога саатот ѕвонеше во 7 имав чуство како телото да ми е скршено, а одлагањето на алармот ми стана омилена утринска активност. Викендите спиев до попладневните часови за да се одморам, а секојдневно се чувствував истоштено на работа. Милсев дека за неколку месеци ќе ми биде подобро, но не беше така.
Се разболев во март, па во април, па во мај, јуни, јули. Во октомври секоја недела по неколку дена минував во кревет. Константно бев болна од март. Имав повеќе дена боледување октолку во целата моја кариера. Тоа ме потсети на станување во 7 часот за на училиште. Тоа е само еден час разлика, но не сте свесни колку значи тоа за нас и нашето здравје.
Истражувањата потврдиле дека луѓето имаат различни внатрешни часови. Психологот Мајкл Бреус има 4 хронотипa: лавови кои се ранобудници, мечки кои имаат свој дневен ритам и им треба осум часа сон секој ден, делфини кои имаат лесен сон и волци кои се ноќни типови.
Многу истражувања велат дека нема потреба од тоа да бидете во канцеларија во 9 часот, како и тоа дека тинејџерите не треба на училиште пред 10 или 11. Доколку работите работа која не се вклопува со вашите внатрешни часови размислете за промена.
Ново на Сител
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија