„Сеќавања и желби“ од Лиса Апињанези објавена на македонски
Романот „Сеќавања и желби“ од британската писателка Лиса Апињанези, извонредно испреплетена сага од страст и скршени срца, го објави издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, во превод на македонски на Калина Јанева.
Книгата, како што наведува издавачот, ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за нејзиниот живот од испреплетени вистини и лаги и за скандалозните постапки што ќе остават последици врз повеќе генерации на два континента.
- Ликовите од високите и интелектуални сталежи, драматичниот и страстен набој, како и многубројните уметнички, книжевни и историски референции го прават ова дело совршено четиво за обожавателите на љубовни романи, се посочува за ромамот.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Лиса Апињанези (родена 1946) е британска писателка и борец за слобода на говорот. По потекло е од Полска. Израснала во Франција и во Канада. Докторирала компаративна книжевност во Обединетото Кралство. Авторка е на голем број романи и стручни книги и текстови. Претседавач е на Кралското книжевно друштво и поранешна претседателка на англискиот ПЕН. Во 1987 година го одбива францускиот орден „Витез од редот на уметностите и книжевноста“. Во 2013 година го добива Орденот на Британската Империја.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила