Сека го прослави роденденот: Мојата најголема желба е исполнета
Сека Алексиќ вчера наполни 35 години, а роденденот го прослави во кругот на семејството, со сопругот Вељко, синот Јаков и најблиските пријатели.
Пејачката е позната по тоа што не сака многу прослави, туку сака во својот дом во Стара Пазова да ги собере најблиските. Така беше и овој пат, а иако многумина би помислиле дека на нејзините родендени сака скапи подароци како скапи автомобили, брендирана гардероца или уште поголема куќа, не би биле во право.
Најголемата желба на пејачката се исполни пред 7 месеци, кога го роди бебето Јаков.
-Ти благодарам Господе на овој дар! Ти благодарам на се што ми испраќаш, и кога е убаво и кога е помалку убаво, знам дека се што доаѓа од тебе е добро и со љубов. Мојата роденденска желба е исполнета пред седум месеци, напиша пејачката на фотографијата на која го држи во прегратка синот, кој тогаш имал само 3 недели.
Алексиќ пријателите ги замоли да не и купуваат луксузни подароци, туку дека е доволно само да се појават и да и го разубават денот.
Да потсетиме, семејството на Сека го сочинуваат синот Јаков и сопругот Вељко Пиљкиќ кој во најтешките мигови и дава поддршка и со кој е во брак од 2010 година.
Ново на Сител
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол