-->
-->
СЕХА: Во Вардар сакаат продолжување на серијата победи
-->

Двете македонски ракометни екипи постигнаа гостински победи на последните дуели од Лигата на шампионите. Вардар славеше кај германскиот шрвак Рајн Некар Ловен, а Металург на теренот на норвешкиот шампион Елверум.
Но, време за одмор нема, особено за Металург, бидејќи веќе утре следува дуелот од СЕХА лигата на овие два тима.
На денешениот прес од тимот на Вардар истакнаа:
- Секој натпревар со Металург е дерби. Оба ќе биде дуел за проверка на формата, а кај нас нема да настапат Карачиќ и Абутовиќ (превентивно). За нас најважно е да останеме на прво место, а тоа значи прво мислиме на Металург, а потоа на РНЛ, истакна тренерот Раул Гонзалез.
Капитенот Стојаче Стоилов напомена;
- Ова дерби на СЕХА лигата и секогаш овие дуели биле интересни. По киксот во загреб ние сме пак на победничките патеки и сакаме серијата да потрае.
Стоилов побара од навивачите да дојдат во салата и да ја подржат кампањата на СЕХА лигата „биди 8 играч“.
Натпреварот Вардар - Металург се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
