-->
-->
СЕХА: Вардар со минимална победа над Цеље
-->
Ракометарите на Вардар ја остварија и 11.та победа во СЕХА лигата откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победија словенечкиот првак Цеље со 31:29. „Вардарци“ во текот на целиот натпревар водеа, а гостите предводени од извонредниот на голот во вториот дел Урбан Лесјак (вкупно седум одбрани), кој имаше серија одбрани во 58.минута изедначија на 30:30. Сепак во последните минути Вардар стигна до победата и се зацврсти на првото место на табелата.
Игор Карачиќ од Вардар и Лука Жвижеј од Цеље со по 6 голови беа најефикасни во своите екипи. Арпад Штербик натпреварот го заврши со 12 одбрани.
На другите два натпревара одиграни денеска во Вараждин Загреб го победи актуелниот шампион Веспрем со 27:23, додека Мешков Брест на домашен терен беше поуспешен од Татран Прешов со 33:25.
Табела: Вардар 35 бодови, Мешков Брест 26, ППД Загреб 25, Веспрем 22, Цеље 21, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 8, Металург 7, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка