-->
-->
СЕХА: Вардар рутински со Макс Струмица
-->
Првата македонска пресметка во регионалната СЕХА лига заврши со убедлив триумф на Вардар. На гостувањето во Струмица, тие славеа против Макс Струмица со 26:35 (11:15).
Ова е втора победа по ред за македонскиот шампион, а втор пораз на струмичани во третиот меч од дебитантската сезона во СЕХА лигата, имаат реми од првиот меч против Војводина.
Голманот Благојче Трајковски со 16 одбрани беше најдобар поединец кај домаќините, а најефикасен беше Дејан Пецаковски со седум погодоци.
Во составот на Вардар најмногу голови постигна Тимур Дибиров, шест, а по пет гола постигнаа Лацковиќ, Циндриќ и Шишкарев. Голманот Арпад Штербик го заврши мечот со 11 одбрани.
Во следното коло, Вардар на 9 септември во Скопје го пречекува Нексе, а Макс Струмица на 11 септември ќе игра дома против Мешков Брест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани