Ракомет
21. October 2017 - 19:47

СЕХА: Вардар „реди“ победи

Ракометарите на СЕХА шампион Вардар ја постигнаа и шестата победа во исто толку натпревари. „Црвено-црните“ триумфираа на денешното гостување кај Цеље со 31:28 (16:13). 

Домашниот тим имаше водство до 20.минута, кога Вардар за првпат поведе со 9:8. 
„Вардарци“ првпат поведоа со пет голви разлика во 32.минута (18:13), но екипата на Цеље успеа во неколку наврати да намали на еден негатива - 23:24 (47.минута); 25:26 -51.минута. Во финишот на дуелот сепак Вардар се избори за три разлика и мирна завршница.
Најефикасни беа Дибиров и Шишкарев со по 6 голови.
На чело на табелата е Вардар со максимални 18 бодови, Мешков Брет и Татран Прешов имаат по 12, Загреб и Цеље по 10, Горење 7, Металург 6, Нексе 4, Војводина и Динамо Панчево по 3.