-->
-->
СЕХА: Металург загуби од Мешков Брест
-->
Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург го забележаа и третиот пораз во СЕХА лигата откако попладнево на домашен терен загубија несреќно од Мешков Брест со 25:24. За екипата од Белорусија ова беше втора победа и се проби на третото место на табелата зад Вардар и Цеље.
Во изедначеното прво полувреме гостите од Белорусија имаа водство и од два гола, но резултатот најчесто беше изедначуван (осум пати). Металург на полувремето изедначи со голот на Милош Драгаш во последната секунда од првото полувреме. На почетокот на вториот дел Мешков Брест резултатски „се одлепи“ на четири гола разлика (20:16). Македонскиот вицепрвак сепак успеа да изедначи во 49.минута на 21:21. Во завршницата беа постигнати малку голови. Најпрвин во последнта минута Растко Стојковиќ постигна гол од седмерец за 25:24 за Мешков Брест што се покажа како решавачки, а последниот напад на Металург заврши во блокот на протоивничките играчи.
Кај Металург Никола Костески со 7 голови и Филип Талески со 6 беа најефикасните.
На вториот натпревар одигран попладнево Извиѓач – Цеље 31:32, додека вечерва се игра и натпреварот Нексе – Татран Прешов.
Табела: Вардар 10 бодови, Цеље 9, Мешков Брест 7, Веспрем 6, ППД Загреб 3, Горење 3, Металург 0, Татран Прешов 0, Нексе 0, Извиѓач 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори