-->
-->
СЕХА лига: Вардар поразен и од Загреб
-->
По поразот вчера во Лигата на шампионите од Колдинг ракометарите на Вардар загубија попладнево за првпат и во СЕХА лигата. Поуспешни од нив беа ракометарите на ППД Загреб со 30:25 (16:14).
Покрај отсуството на повредените и болни играчи (Штербик, Душебаев, Деревен, Стоилов) за „црвено-црните денеска проблем беше и заморот бидејќи од Данска денеска допатуваа во Загреб и се појавија на теренот.
Инаку во поголемиот дел натпреварот беше изедначен, а на полувремето беше 16-14 за Загреб.
До 40.минута резултатот беше нерешен 19-19, апотоа Загреб направи серија од 4-0 што се покажа како решавачка за победата.
Најефикасни на дуелот беа Лука Степанчиќ кај загреб со 6 голови и Филип Лазаров кај Вардар со 7. Голманот на Вардар Петар Ангелов имаше 11 одбрани.
Загреб и Вардар со по 15 бодови се на врвот на табелата. Загреб од пет натпревари без пораз и Вардар од 6 натпревари.
Без пораз е и шампионот Веспрем по три одиграни натпревари унгарската екипа има 9 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкараз за неговата повреда: Мојот глужд е во ред, но сè уште играм со малку страв
-
Трамп: САД веќе се во трговска војна со Кина
-
Приведен 30-годишник за извршена тешка кражба
-
Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела
-
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд