Ракомет
10. April 2017 - 8:28

СЕХА лига: Вардар ги собра наградите во Брест

Доминацијата на македонскиот првак Вардар на завршниот турнир во регионалната ракометна СЕХА лига покрај со освоениот шампионски трофеј беше потврдена и со пет поединечни признанија.
 
Четворица ракометари на Вардар се најдоа во идеалниот тим на фајнал-фор турнирот одржан во Брест, а Јоан Кањељас е избран за најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир. 
 
Покрај Шпанецот кој е избран за најдобар централен бек во Во идеалениот тим се и неговите клупски колеги крилата Тимур Дибиров и Иван Чупиќ и левиот бек Вук Борозан, заедно со голманот Мирко Алиловиќ и пивотменот Андреас Нилсон од Веспрем, како и десниот бек Даинис Кристопанс член на Мешков Брест.
 
Ветеранот и капитен на унгарскиот тим Ласло Наџ го понесе признанието за најдобар дефанзивец на завршниот турнир.