-->
-->
СЕХА лига: Според Металург, Вардар е фаворит
-->

Натпреварите во СЕХА лигата продолжуваат утре до дуелот од првото коло - со македонското дерби Металург - Вардар. Претходно Вардар одигра еден натпревар, но поради густиот календар беше приморан на таков чекор.
За разлика од нив, Металург е повратник во ова натпреварување откако лани паузираше.
На денешниот прес во пресрет на дуелот со Вардар што ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:30 часот тренерот Лино Червар изјави:
- Важно за Металург преку натпреварите од СЕХА лигата играчите на Металург да го стекнат неопходното искуство. СЕХА лигата оваа година е најсилна од своето постоење. Вардар е фаворит во овој дуел, а ние утре ќе се потрудиме да дадеме што е можно посилен отпор, а имаме и голем мотив.
Капитенот Филип Талевски истакна:
- Натпреварите против Вардар, Веспрем, Цеље, за нас се предизвик и ќе играме со голема мотивација. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и дека ќе имаме поддршка од трибините.
репрезентативецот во дресот на тимот од Автокоманда Филип Кузмановски изјави:
- Ние сме млада екипа и Вардар е фаворит, но ние имаме огромен мотив. Мислам дека ако одиграме добро можеме да се надеваме и на добар резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
