-->
-->
СЕХА лига го продолжи договорот со спонзорот Газпром до 2020
-->
На последниот ден од завршниот турнир на СЕХА лигата во Вараждин, прес конференција одржа и раководството на лигата на кое беше потенцирано дека соработката со главниот спонзор Газпром е продолжена.
- На задоволство на сите, ние го продолживме договорот за соработка со Газпром до 2020 година. Имавме неколку напорни состаноци во Москва. Сега наша цел ни е да се соближиме до Бундеслигата. Имаме сличен принцип на работа како и Лигата на шампионите, квалитетот на некои наши натпревари е најмалку на тоа ниво. Нам ни е големо задоволство дека три екипи од СЕХА лигата ќе играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, истакна претседателот на СЕХА лигата Михајло Михајловски на денешениот прес.
За напредокот на ова натпреварување пофални зборови искажа и претседателот на Газпром Александар Анатолјевич Мешков:
- Лигата не стои на едно место и постојано се развива и станува се популарна, а тоа го потврдува и бројот на новинари во оваа сала. Ние како спонзор сме задоволни.
Пофални зборови за ова натпреварување искажа и генералниот секретар на Европската ракометна федерација ЕХФ Михаел Видерер.
Според најавите од СЕХА во следната сезона ќе се приклучат две екипи од Словенија, а Унгарската ракометна федерација и Веспрем имаат 15 дена да се изјаснат дали и следната година ќе бидат дел од лигата. Завршницата на следниот „Ф4 турнир“ ќе се одржи во Белорусија, доколку Мешков Брест избори пласман на завршниот турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?