-->
-->
СЕХА Ф4: Ново (второ) финале меѓу Вардар и Загреб
-->
Двата најдобри ракометни тима последните сезони на Балканот Вардар и Загреб во недела повторно ќе играат во финале на Ф4 турнирот од СЕХА лигата. Двата тима се единствените што се учесници на сите седум завршни турнири, а Вардар има три шампионски пехари во ова натпреварување, а Загреб само еден.
Македонскиот и европски првак Вардар во недела ќе го игра своето шесто финале и само еднаш нема играно за шампионскиот трофеј (2015).
Загреб има само едно учество во финале и победа над Вардар во 2013 година во Скопје (СЦ Борис Трајковски).
„Црвено-црните“ имаат три шампионски титули (2012, 2014 и 2017), додека Загреб победи (2013).
На Ф4 - турниритеовие два тима играат од 2013 година, а меѓусебниот скор е 3:2 за Вардар во победи.
2013 Скопје Загреб - Вардар 25:24 по продолжение (финале)
2014 Нови Сад Вардар - Загреб 30:22 (полуфинале)
2015 Веспрем Загреб - Вардар 26:23 (натпревар за 3.место)
2016 Вараждин Вардар - Загреб 26:24 (полуфинале)
2017 Брест Вардар - Загреб 36:28 (полуфинале)
Оваа сезона во регуларниот дел Вардар постигна две победи над Загреб (30:23 во Скопје и 25:24 во Загреб).
Загреб е последната екипа која има победа над Вардар во регулраниот дел од ланската сезона во Загреб хрватскиот првак победи со 28:26.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците