-->
-->
СЕХА: Битолчани немоќни против Мешков Брест
-->
Еурофарм Работник го забележа третиот последователен пораз во СЕХА лигата, откако Мешков Брест во Битола победи со 35:32 (18:17). Битолскиот клуб претходно ја стартуваше сезоната во СЕХА лигата со три победи во низа и сега е на четвртото место во групата Б зад Веспрем, Мешков и ППД Загреб.
Мешков дојде до 4:1 водство на стартот на мечот, кое го заддржаа до крајот на мечот, контролирајќи ја играта и резултатот. Ловро Јотиќ имаше осум постигнати голови за домашниот клуб, а Гоце Ојлески додаде шест гола. Микита Ваипалу повторно беше „бомбардер“ за белорускиот клуб, постигнувајќи неверојатни 14 гола.
СЕХА ЛИГА
Веспрем – Спартак Москва 37:32 (17:13)
Еурофарм Работник – Мешков Брест 32:35 (17:18)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори