Балкан
3. March 2016 - 17:31

Сега почиваат една покрај друга, погребани мајката и ќерката што ја задави

На гробиштата во Кумодраж погребана е Ивана Мајсторовиќ (36), која изврши самоубситво откако брутално ја задави својата осумгодишна ќерка Наталија.

Покрај неа е погребана и нејзината ќерка. Погребите се одржаа одвоено.

На погребите присустуваше и таткото на детето кому му беше упатено едно од прошталните писма на Ивана, во кои таа наведе дека на овој чин се одлучила поради неговите коцкарски долгови и дека била постојано во страв дека ќе го продаде и нивното заедничко дете.