Седумнаесетто продолжение на конститутивната седница на Собранието

По дводневна пауза денеска Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Во досегашниот тек од расправата главна тема беше тиранската платформа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека платформата е постизборно подметната и бараат СДСМ да се откажат од неа и да се оди на нови избори. Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-

Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-

Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-

Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-

Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-

Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-

Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-

Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-

Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
