-->
-->
Седумнаесет лица загинаа во нападот во Турција
-->
Седумнаесет лица загинаа, меѓу кои деветмина војници, а 27 се ранети денеска во напад со автомобил-бомба врз воен објект во југоисточниот турски округ Хакари, соопштија властите на округот.
Гувернерот на Хакари, Орхан Топрак изјави за телевизијата НТВ дека во нападот загинале деветмина војници и осуммина цивили. Од ранетите 27 лица, 11 се војници.
Нападот е извршен изутрината од бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК) пред објектот Дурак во планинска област, на 20 километри од градот Шемдинли. во близина на границите со Ирак и Иран.
Силите за безбедност почнаа масовна антитерористичка операција со учество на воено воздухопловните сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија