Седуммина загинати во две лавини на француските Алпи
Седум лица загинаа денеска во две лавини на француските Алпи, соопштија властите, кои вчера предупредија за нестабилност на снежните покривки поради затоплување.
Првата смртоносна лавина започна доцна наутро во општина Валоар, на превојот Галибие, на надморска височина од 2.642 метри. Четири лица на возраст од 42 до 76 години од областа Гренобл ги загубија животите.
Две групи планинари, во кои имало три, односно две лица, биле затрупани, а само едно лице преживеало откако било пронајдено од службата за спасување. Таа личност помина неповредена.
Во потрагата по жртвите учествувале шестмина припадници на Службата за спасување на планина, два хеликоптера и две кучиња трагачи.
Втората лавина се случи околу 14 часот на планината Пури висока 3.799 метри, во планинскиот венец Ваноиз. Три лица загинаа, соопшти полицијата.
Властите во петокот предупредија на опасност од лавини, кои се „многу високи“ викендов, бидејќи деновиве паднаа големи количини снег, по што се случи затоплување.
Пет лица го загубија животот во понеделникот во две лавини во областите Исереу и Високите Алпи.
Од почетокот на сезоната 2020/2021 година, пред овие лавини, во слични околности беа убиени 28 лица, објави Државната организација за истражување снег и лавина (АНЕНА), која секоја година објавува податоци за настрадани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети