Седуммина пријавени за крстот што ќе се положи во реката Луда Мара во Кавадарци

Седум лица се пријавени за традиционалното фаќање на крстот што ќе се положи во реката Луда Мара во Кавадарци, потврди денеска за МИА, отец Мартин Деневски, старешина на кавадаречката црква ,,Свети Димитрија", во централното градско подрачје.
Претходно, од страна на кавадаречкото архиерејско намесништво, информираа дека оваа година на големиот христијански празник Богојавление - Водици, повторно ќе биде возобновена благочестивата традиција на потопување на чесниот и животворниот крст во водите на реката Луда Мара.
- Претходно, во храмовите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ - Кавадарци, ќе се отслужи утрена со света златоустова литургија со почеток во 8 часот, по завршувањето на литургијата ќе се изврши голем богојавленски водосвет во дворовите на храмовите. Потоа, верниот народ од храмот ,,Свети Димитрија" , со празнична литија ќе се упати кон реката Луда Мара, таму во 11 часот ќе се изврши голем богојавленски водосвет и потопување на чесниот и животворен крст, соопштија од кавадаречкото архиерејско намесништво.
Оттаму ги повикаа сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на крстот, да се пријават во храмовите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ во Кавадарци.
Ново на Сител
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
-

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран
-

Артета: ПСЖ го брани трофејот од Лигата на шампионите, а Арсенал е тука да го земе
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
