Македонија
7. September 2018 - 14:38

Седумдесет и четири години од ослободувањето на Кавадарци

Седумдесет и четири години од ослободувањето одбележува денеска општина Кавадарци. Пред споменикот на градскиот плоштад, свежо цвеќе положија делегација предводена од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и бројни други делегации со претставници од општествено политичкиот живот. 

Историчарот Петре Камчевски потсети дека на денешен ден во 1976 година, свечено била откриена Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ, во периодот од 1941 до 1945 година.    

- Автор на Спомен костурницата е арх. проф. Петар Мулучковски, а претставува стара македонска куќа, која би била вечен дом на 333 паднати борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци. Моштите на борците, барем на оние кои се пренесени во партизанските гробишта кај црквата Свети  Димитрија, се есхумирани и пренесени во Спомен костурницата, појасни Камчевски.