Седум возила учествуваa во сообраќајна незгода што се случи во Скопје
Вчера во 06.45 часот на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска Бригада“ и ул.„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило„фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од с.Грушино,скопско, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од с.Миладиновци,скопско и патничко моторно возило„фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од с.Брњарци,скопско.Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило„фолксваген туран“ а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб