Седум сообраќајки во Скопје, четири лица повредени
Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не користење сигурносен појас и 44 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, како и пет технички неисправни и 18 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.
Ново на Сител
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година
-
19 годишник од беровско во „алфа ромео“ превезувал 10 мигранти
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија