Седум лица полесно повредени во 13 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден (06.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и осум сообраќајни незгоди со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 33 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни.
Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач поради непоседување пропишана зимска опрема, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 19 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување на коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 156 мандатни платни налози и 94 возила се подигнати со специјално возило "пајак".
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
