Седум активни пожари, кај крушевското село Норово ангажиран и хеликоптер
Седум пожари се активни во моментот во државата, а 11 се локализирани. Во гаснењето на пожарот во атарот на селото Норово кон селото Селце во општина Крушево утринава повторно е ангажиран хеликоптер на Армијата.
Од Дирекцијата за заштита и спасување попладнево информираат дека покрај хеликоптерот на терен интервенираат и пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Крушево и вработени од шумското стопанство „Липа“. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од над 100 до 150 хектари. Пожарот во текот на вчерашниот ден по интервенцијата на хеликоптерите од АРМ бил локализиран, но во вечерните и утринските часови повторно се активирал и се прoширил.
Активен е и пожарот кај селото Јакреново каде гори нискостеблеста дабова шума на површина од околу 50 хектари. Интервенираат од шумското стопанство „Липа“, а во текот на денот се очекува засилување од страна на Територијалната противпожарна бригада и од хеликоптерот на АРМ, кога ќе завршат со интервенцијата кај селото Норово.
Во општина Долнени активен е шумскиот пожар во атарот на селото Гостиражни каде од утрово интервенираат вработени од шумското стопанство „Црн бор“, а во моментот се интервенира да не се прошири и пожарот во атарот на селото Полчиште во месноста викана Торнева нива во општина Прилеп. Во општина Демир Хисар активен е пожарот меѓу селата Мренога и Вирово каде е опожарена дабова шума и сува трева.
Во општина Чашка пожарот што се појави во атарот на селото Мокрени и се прошири кон селата Богомила и Габровник во делот на селото Богомила гори со слаб интензитет, а кај селото Габровник е со посилен интензитет. На пожарот кон селото Габровник ангажирани се лица од шумското стопанство „Бабуна“ и пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Велес, а побарано е и ангажирање на авиони бидејќи пожарот брзо се шири кон Прилеп.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ