Македонија
22. January 2016 - 8:29

Седници во Собранието на две комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

На дневен ред на седниците на двете комисии е резиме на одржаните експертско-комисиски расправи со презентација и препораки на Центарот за безбедност, развој и правда (ДЦАФ).