Седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Законодавно – правната комисија ќе одржи две седници. На првата на дневен ред се Предлог законот за младинско учество и младински политики – во второ читање, поднесен од пратениците: Ивана Туфегџиќ, Мери Лазарова, Слаѓана Митовска, Невенка Стаменковска Стојковски, Агим Шаќири, Теута Биљали, Нола Исмајлоска, Реџеп Мемеди и Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, исто така во второ читање.
На втората седница единствена точка е Предлог – законот за изменување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, кој се носи по скратена постапка, во второ читање.
Комисијата за транспорт, врски и екологија, пак, ќе дебатира по годишните програми за работа и развој на Агенцијата за пошти, на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и на Aгенцијата за цивилно воздухопловство и по Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство, сите за 2020 година.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал